| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е Меланија Трамп?

Пробувајќи да ја смири јавноста Меланија Трамп се огласи на Твитер и напиша дека се уште живее во Белата куќа и дека е во кругот на семејството и се чувствува прекрасно.

Сепак, се чини, дека не го постигна саканиот впечаток.

Меланија и овој викенд нема да се придружи на својот сопруг во Камп Дејв, соопшти денеска Белата куќа, па затоа во јавноста почнаа нови шпекулации.

Се сомневаат дека Меланија се вратила да живее во Њујорк, па дури и тврдат дека не пишувала таа на Твитер, туку дека тоа бил Доналд Трамп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top