Премиерот Зоран Заев , утре во 10 часот со сите министрите од владиниот кабинет ќе оддржат прес конференција за сработеното од едногодишното владеење.
Прес конференцијата ќе биде тематска за едно година Влада, а премиерот Заев ќе има обраќање на кое ќе реферира за сработеното од едногодишното владеење.
– Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес конференција. Прес конференцијата ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје – стои во соопштението од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.