-Владата на изборите ја доби поддршката, меѓу другото, и од граѓанските активисти и од независниот културен сектор, врз основа на најавениот нов, демократски, отворен, ненационалистички и граѓански систем на идеи и вредности. Не смееме да дозволиме овој процес да запре со смената на министерската позиција – стои во најавата на денешниот прес пред Mинистерството за култура.
Пред зградата на Министерството членовите на ЈАДРО, засегнати претставници кои работат во полето на културата, претставници на институции, на независниот културен сектор, на здруженија од културата, уметници и граѓански активисти.
АЛАРМИРАМЕ: ова Министерство заслужува раководител преку кој Македонија стратешки ќе ги обликува вредностите на културните политики, кои се дел од новата Стратегија за култура на Република Македонија, а во чие изготвување учествуваа многу засегнати културни актери.
Владата на изборите ја доби поддршката, меѓу другото, и од граѓанските активисти и од независниот културен сектор, врз основа на најавениот нов, демократски, отворен, ненационалистички и граѓански систем на идеи и вредности. Не смееме да дозволиме овој процес да запре со смената на министерската позиција.
ПРАШУВАМЕ: со кое право ова за нас клучно министерство Владата сега го „продава“ на партија чија идеолошка позиција, реторика и ставови целосно се косат со вредностите зад кои стоевме сите заедно, а кои се отелотворени во новата Национална стратегија за културен развој?
БАРАМЕ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ОВАА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА. Но, пред сѐ БАРАМЕ ТРАЈНО СЕРИОЗЕН, ТРАНСПАРЕНТЕН И ОДГОВОРЕН ОДНОС СПРЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците