| четврток, 6 декември 2018 |

Мората најмалку еден месец надвор од фудбалските терени

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени, откако се повреди на на саботното дерби против Манчестер Сити, јавуваат британските медиуми.

Тој во мечот кој „сините“ го загубија со резултат 0-1 на „Стенфорд Бриџ“  излеза од игра во 24. минута, кога поради повреда на бутниот мускул побара да биде заменет.

Челси ќе остане без услугите на својот прв напаѓач на најмалку 5 натпревари во домашното првенство, како и на дуелот против Рома во Лигата на Шампионите, а ниту шпанската репрезентација нема да може да смета на Мората за престојните натпревари со Aлбанија и Израел од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top