Кубанските медиуми објавија дека само тројца од вкупно 113 патници и членови на екипажот ја преживеале ужасната авионска несреќа во која авион од типот „боинг 737“ се урна веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана. Тројцата преживеани биле префрлени во болница и во моментов се во критична состојба, пренесуваат медиумите.
Авионот на компанијата „Cubana de Aviacion“ требало да лета кон кубанскиот град Олгин. Очевидци на несреќата изјавиле дека по падот се видела и силна експлозија.
„Cubana de Aviacion“ претходно годинава веќе имала инциденти, по што морала да повлече неколку свои авиони. Причината за денешниот пад и натаму е непозната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.