-Две децении Македонија немала ниту пак ќе има поголем пријател од САД. Сме биле и ќе останеме ваш најголем сојузник, и пред сè пријател. Граѓаните на Македонија го сакаат тоа што сите го сакаат, а тоа е посилно, побезбедно и попросперитетно општество. Сметам дека треба да знаат дека додека работат во насока на остварување на тие цели, уште од независноста на земјата, тие немаат и немале поголем пријател од САД – изјави Пол Волерс, амбасадорот на САД во Република Македонија на вечерашниот прием во американската амбасада по повод 237-та годишнината од независноста на Америка.
Тој нагласи дека пријателството меѓу Македонија и САД не е површно, за што доказ се партнерствата на опасни места.
-. Вие сте биле наши партнери на опасни места, како во Ирак и во Авганистан, заради остварување заеднички цели. САД ги поддржуваат граѓаните на Македонија заради тоа што ги споделуваме вашите цели и соништа, како што беше во 1991 година, која ја поддржавме вашата независност, во 1993 и во 1994, кога работевме за да ги заштитиме вашите граници, во 1998 година кога помогнавме во преговорите да се стави крај на економското ембарго, во 2001 кога помогнавме да се стави крај на конфликтот. Во 2004 кога ве признавме под вашето уставно име и во 2008 година кога воопшто не беше лесно, но претседателот на САД се бореше за вас до последниот момент на Самитот на НАТО во Букурешт – додаде Волерс.
Нагласи дека САД не сака ништо повеќе од тоа да ја види Македонија да успее како мирна, толерантна, просперитетна и безбедна земја – членка на Евро-атлантската заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.