| четврток, 6 декември 2018 |

Модни приказни во „Акантус“

Галеријата „Акантус“ од 15 до 20 мај ќе спои неколку модни приказни. Под мотото „Животот е прекраток за да носиш бренд“ „АмстерДама“ ќе покаже дека и со секнд хенд облека може да сте модерни и шик. Дизајнерката на накитот Ксенија Котев ќе и прави друштво на дамата од Амстердам, а модните фотографии на Еди Станковски ќе го красат преубавиот простор на галеријата.

Промотивнатa продажба на „АмстерДама“ , e нa партнерска двојка која живее и работи во Амстердам. „АмстерДама“ има желба и воља да ја пренесе културата на секнд хенд шопинг, која е исклучително популарна во Амстердам.

За оваа пригода направија соодветна селекција на автентинтични парчиња женска и машка облека. Ретро, винтиџ, тренди и авангардно .

На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, „Hidden stories” и „Cradle of desires” и мал поглед во новата колекција која допрва претстои „Embryo” .
Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кoј повеќе од 25 години живее и работи во Амстердам а пред скопската публика се претставува со изложбата “„La Femme Obscure”. Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top