| четврток, 6 декември 2018 |

Подобри сме од Црногорците, полоши од Словенците, Хрватите и Србите

restoranСловенија е првата земја во регионот според исполнувањето на стандардите за квалитетот на услугата на продажните места. Во истражувањето што компанијата Хераклеа го спровела во соработка со агенциите за тајно купување, Словенија е на првото место, а Хрватска, која лани беше прва, е веднаш зад неа. Словенија има 76,74 отсто исполнети стандарди, а Хрватска 75,85 отсто. Следуваат Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ.

Во шесте земји, тајни купувачи во периодот од 17 мај до 22 јуни посетиле 800 објекти, од авто-салони, преку угостителско-туристички објекти, банки, телекомуникациски претпријатија и бензински станици до малопродажни објекти и супермаркети.

Клучни биле пет елементи: поздравот, утврдувањето на желбите и на потребите на купувачот, претставувањето на производите, нудењето на дополнителни производи и благодарноста за посетата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top