| четврток, 6 декември 2018 |

Големото срце на Ноле: Ѓоковиќ отвора ресторан во кој ќе дели храна на бездомници

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е сопственик на два луксузни ресторани во кои храната се наплаќа, а сега одлучил да отвори и трет во кој храната ќе ја дели бесплатно.​

Ѓоковиќ на овој потег се одлучил поради бездомниците и сите оние кои немаат пари за храна.

„Парите не ми се потребни. Заработив доволно за да можам да ја нахранам цела Србија. Поради тоа одлучив да им се заблагодарам на луѓето кои секогаш ми jа даваа потребната поддршка и навиваа за мене. Од секогаш сум ја сакал храната, во моето семејство храната беше страст“, изјави Ѓоковиќ.

Се уште не е познато дали Новак овој ресторан планира да го отвори во Монте Карло или во Србија, но бидејќи сака да им се одолжи на навивачите се претпоставува дека ресторанот ќе го отвори во родниот град.

За потсетување, Ѓоковиќ пред две години стана првиот тенисер во историјата кој во една сезона заработил повеќе од 20 милиони долари од турнир.

Во целата кариера вкупно заработи 108 милиони долари, а во оваа цифра не влегуваат парите добиени од спонзори.

Инаку, Ѓоковиќ во кариерата освои 12 Гренд слем турнири, а најпрестижниот Вимблдон го освои три пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top