| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Хоџа се повлекува од советничкото место

Премиерот Зоран Заев најави дека по острите реакции од јавноста Џезаир Шакири ќе се повлече од советничкото место кое му беше доделено. Како што изјави Заев, Шакири сам изразил желба да се повлече од премиерскиот кабинет.

-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата – изјави Заев од Охрид каде беше на отворањето на новиот хотел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top