| четврток, 6 декември 2018 |

Ја тепав, ама жал ми е што детето умре – маж ја шутирал жената бремена девети месец

Ненад Бондаренко (42) од селото Берање кај Пожаревец, е уапсен под сомнение дека ја претепал невенчаната сопруга Татјна Миловановиќ (38), бремена во деветиот месец, која потоа родила мртво бебе. Вината ја признал во полиција.

-Тој призна дека ја тепал Татјана и ја шутирал по стомак, но рекол дека му е жал за бебето и немал намера да му наштети. Вештачењата ќе покажат дали бебето починало од ударите или пак имало некои нарушувања во текот на развојот на плодот. Инаку, против него е поднесена кривична пријава за насилство во семејство со нанесување на тешки телесни повреди, за што му се заканува казна затвор и до 10 години- вели извор од истрагата.

Насилството се случило во саботата, а Бондаренко е уапсен ден подоцна, додека бил на кај соседите на прослава на Ѓурѓовден.

– Тој дојде на слава кај соседите и на сите им раскажа дека детето му умрело при породувањето. Беше пијан и бараше да пие уште пиво и вино. Потоа му се јавија по телефон од полиција, а потоа дојдоа и го одведоа, а тој не се спротивстави- раскажа соседот.

Бондаренко вчера доцна попладне е приведен на сослушување во обвинителството во Пожаревац, по што е донесена одлука за одредување притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top