Вечерва со со почеток во 20 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, ќе се одржи промоција на монографијата „Галичник засекогаш“.
Автор на делото „Галичник засекогаш“ е новинарот Киро Кипроски, а на присутните ќе им се обратат покрај авторот и Митре Ажиески, претседател на месната заедница Галичник, архитектот Коста Граоркоски и академикот Радован Павловски.
На свеченоста ќе бидат претставени зетот и невестата за 40-тото јубилејно издание на културолошко-туристичката манифестација „Галичка свадба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


