| четврток, 6 декември 2018 |

Архитектонска изложба „Скопските вертикали“ во Музеј на град Скопје

Денеска во 20 часот во Музеј на град Скопје ќе биде отворена архитектонската изложба „Скопските вертикали“. Изложбата е дело на: Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владмири Десков.

Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина. Во основа на истражувањето (проследено со публи­кација и изложба) е исто така желбата за подетално проучу­вање на скопските високо­катници, кули…, производ на еден од доми­нант­ните модели на урбаниза­ција и развој на европските градови во втората половина на 20-от век.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој исто­вр­емено е и најдинамичен период од исто­ри­јата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која доз­волува објективно согледу­вање на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобал­ните архитек­тонски движе­ња, технолошкиот напредок… врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одре­ду­ваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top