| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен човекот што нападна три лица со нож во Хаг

Напаѓачот кој денеска со нож нападна три лица во центарот на Хаг е застрелан и уапсен.

Полицијата употребила огнено оружје и го застрелала во нозете.

Се наведува дека напаѓачот од претходно и бил познат на полицијата и отстранети се стравовите дека станува збор за терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top