Дарко Станиќ најави заминување од Металург, а клубот, како што пренесува спортскиот портал „Екипа“, бара над 200 илјади евра отштета.
Најдобриот голман во Лигата на шампионите има уште две години валиден договор со четврт-финалистот во ЛШ, Металург, но сака да си замине. За него е заинтересиран и лутиот ривал Вардар, а голем товар за „црвено-црните“ би била отштетата од 200 илјади евра. Ако се земе предвид дека шампионот би требал да издвои уште толку и за плата, премии и бонуси по сезона за Станиќ, тогаш е јасно дека ќе биде проблем да се ангажира српскиот интернационалец.
Србинот најави дека си заминува од Металург, но и дека сака да остане во Македонија, што значи дека има сериозни преговори меѓу него и Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.