Македонскиот вицешампион Металург повторно не најде чаре за победа против Карабах од Азербејџан и претрпе нов, втор пораз од истиот противник во квалификациите за Лига Европа, овојпат со 0-1 на домашен терен.
Бразилецот Рејналдо во 64. минута ја затресе мрежата на одличниот Ефремов, кој спаси погодоци во уште неколку ситуации, особено во дуелите со Грузиецот Гелашвили.
И Металург имаше свои шанси, а најзрелата беше на Митревски во вториот дел, кога од слободен удар ја погоди пречката на голот на Карабах. Тимот од Автокоманда одигра сосема солидно, но сепак на крајот беше поразен. Пред 3 сезони Карабах со победа од 4-1 дома и со реми, 1-1, во Скопје го елиминира Металург во истата фаза и во дебитанскиот настап на металурзите на европската сцена.
Реваншот е во Азербејџан за една седмица. Задутре и останатите два македонски претставници во квалификациите, Тетекс и Турново ќе ја почнат европската одисеја. Текстилците ќе му бидат домаќини на Пјуник до Ерменија, а Турново и гостува на литванската Судува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)