| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Монпелје во полуфиналето!

Вардар ќе продолжи да ја брани европската круна против екипата на Монпелје, пресуди денешната ждрепка во Келн.

Монпелје е предизвикувач на европските шампиони во полуфиналето од Ф4-турнирот, што значи дека Вардар го избегна најтешкиот противник, барем на хартија, францускиот првак ПСЖ.

Монпелје е дебитант на Ф4-турнирите, исто како и Нант, меѓутоа тоа е првата екипа која успеа да стигне до завршниот турнир почнувајќи од, условно, послабите групи Ц и Д. Монпелје беше противник на Металург во групата Д, таму заврши прв, го мина плејофот против Адемар Леон, а потоа елиминираше два европски шампиона од последните четири години, Барселона, па Фленсбург.

Вардар играше со Монпелје во групната фаза во 2015/16 сезона и победи двапати.

sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top