– Ако јужнокорејскиот марионетски режим директно учествува во таканаречените санкции на ОН ќе преземеме силни физички противмерки, соопшти одборот за мирно соединување на татковината во Северна Кореја.
Заканите следуваат откако Северна Кореја призна дека ќе тестира трета нуклеарна ракета со долг дострел која може да стигне до американско тло.
Заострените сакнции од ОН поради лансирањето на последната ракета минатата година во Пјонгјанг се толкува како објавување војна па поради тоа соопшти дека е подготвен да соочи со своите „заколнати непријатели“ САД.
Министерот за одбрана Леон Панета изјави дека САД „во целост се подготвени да се соочат со било какви провокации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.