| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово

Српскиот претседател, Вучиќ неговата посета во Косово ја заврши со собир во северна Митровица. Пред граѓаните тој рече дека Србија нема да ја признае независноста на Косово, но ниту ќе поттикнува војна или конфликт на Косово.

– Ви кажувам, тие кои зборуваат дека треба да ја признавам независноста на Косово до крајот на годината, Ви гарантирам дека е лага. Кога ви велат дека сакам да ја променам границата, не ви ја кажуваат вистината. Фактички, јас сакам да ви ги сменам вашите права и да ги овозможам сите права кои ви следуваат во цивилизираниот свет. Не е мојата визија за Косово без Албанци или уште полошо, Косово без Срби – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека со себе донел конкретни планови за инвестирање во десетте општини со мнозинство Срби во Косово. Тој не знае кога ќе се постигне договор со Албанците, но, не ја отфрли можноста дека некогаш, било и после 50 години, Србите и Албанците нема да живеат во соседство и заедништво едни со други.

– Ние треба да живееме заедно, едни до други. Мораме да се договориме. Во иднина, треба да постигнеме договор со Албанците. Нема да биде лесно ниту за нив ниту за нас. Но, ние треба да имаме повеќе деца, и наши и нивни кои ќе живеат тука – додава Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top