Европската Унија денеска објави дека ги проширува санкциите против Русија поради руското присоединување на Крим, како и изградбата на мостот над теснецот Керч.
На листата на санкции, сега постојат шест компании кои учествувале во изградбата на мостот преку теснецот Керч и автопатот Таврида, кој оди преку мостот.
Мерките вклучуваат замрзнување на средствата кои овие компании и организации ги поседуваат во ЕУ, како и забрана за обезбедување финансиска помош за физички и правни лица регистрирани во ЕУ.
Вкупниот број санкционирани организации на листата на ЕУ сега достигна 44.
ЕУ претходно воведе санкции за 155 лица на кои им е забрането да влезат на територијата на ЕУ и на кои им се замрзнати средствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.