НБА суперѕвездата од ЛА Лејкерс, Коби Брајант, пред помалку од два и пол месеци ја скина Ахиловата тетива, а веќе сега Коби Брајант почна да оди на тренинзи и да се подготвува за новата сезона.
– Се чувствувам моќно, можам да одам без проблеми, се качувам по скали и стојам само на палците на нозете, што ја покажува силата на тетивата – изјави Црната Мамба.
Брајант, кој има 34 години, во текот на својата богата кариера не беше поштеден и се бореше со повреди, меѓутоа, сепак, не се откажува од кошарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.