Премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа дава одговор на прашањето што е различно со сегашната безусловна препорака за почеток на преговори со Европска унија во однос на истата таква од 2014 година.
-Македонија сега блеска. И тоа е субјективно јас да го кажам. Буквално, со зборовите, со вордингот во извештајот, тоа се гледа. Европа тоа го презентира. Имавме посети, навистина, од највисоките нивоа на Европската унија. Различни се европските манири, европскиот однос на земјата спрема сите останати и на земјата дома. Зошто? Градиме дијалогот со опозицијата. Тоа не е само поради нас, тоа е поради опозицијата. И затоа велиме: ‘Успехот е заеднички’ – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.