| четврток, 6 декември 2018 |

Субрата Рој следната недела се враќа во Македонија

subrata-roj

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска остварил средба со претставници на проектот „Сахаријан Македонија“, на која се зборувало за активностите поврзани со реализацијата на проектот.

Градоначалникот Бакрачески вели дека се надева оти целиот проект во Љубаништа ќе се реализира до 2020 година.

– Добивме информација дека на 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува претседателот на „Сахарија Индија групацијата“, Субрата Рој, и ќе имаме работна средба на која ќе добијам потполни информации околу сите работи поврзани со проектирањето и реализацијата на овој проект, за кој верувам дека активностите ќе се одвуваат во најдобар ред и кој до 2020 година ќе биде изграден – истакна Бакрачески.

Индијците побарале дополнителни 17 хектари, на кои ќе никнат сместувачки капацитети во кои ќе престојува персоналот што ќе работи на комплексот.

– Во моментов се усогласува нашата законска регулатива, во поглед на добивање согласности за непречено одвивање на работите и се работи на идејниот проект од страна на архитектонската компанија Аткинсон од Лондон. Сепак, ингеренциите за реализација на овој проект се во рацете на Владата – истакна охридскиот градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top