| четврток, 6 декември 2018 |

Сите трансфери стопирани, судот во Лозана ја одби жалбата на Атлетико Мадрид!

Атлетико Мадрид се соочува со огромен проблем откако Судот за Спортска Абритража во Лозана (ТАС) ја одби жалбата на шпанскиот прволигаш, оставајќи ја на сила забраната за трансфери во следниот летен преоден рок.

Атлетико беше казнет за нелегални трансфери во младинските категории со забрана за ангажман на нови играчи во следните два преодни рокови. Откако првиот мина изминатата зима, „јорганџиите“ се надеваа дека со жалба ќе успеат да ја укинат забраната за летово, за Диего Симеоне да има значителен буџет за засилувања во следниот преоден рок.

Сепак, ТАС денеска ја потврди својата претходна одлука, со што Атлетико нема да смее да купува нови фудбалери во текот на летово, а како утеха на „јорганџиите“ им останува што барем ќе можат да си ги вратат играчите што им се наоѓаат на позајмици од други екипи.

Ова автоматски ќе влијае и врз стратегијата на клубот за претстојниот преоден рок, со блокирање на сите трансфери на најдобрите играчи кои сакаа да си заминат. Антоан Гризман се наоѓаше пред заминување во Манчестер јунајтед, за Гамеиро имаше понуди од Тотенхем и од кинески клубови, но како што стојат работите во моментов, двајцата француски голгетери ќе останат во Мадрид најмалку до почетокот на 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top