| четврток, 6 декември 2018 |

Брижит Макрон: Меланија не смее да отвори ниту прозорец во Белата куќа

Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон ја опишала американската прва дама Меланија Трамп, по неодамнешната средба со неа, како „жена полна со радости со која многу се смеела“, но и како жена која во себе тоа го потиснува и која, од безбедносни причини, „не смее да отвори дури ни прозорец на Белата куќа“.

Француската прва дама рекла и дека Меланија Трамп ништо не може да прави од безбедносни причини.

– Таа не може да отвори прозорец на Белата куќа, бидејќи безбедносните служби реагираат и и велат веднаш да го затвори прозорецот. Не смее ни да ѕирне надвор – рекла Брижит Макрон.

Во интервјуто за парискиот весник „Монд“, таа рекла дека со Меланија Трамп, која ја опишала како љубезна, шармантна, интелигентна и многу отворена, делеле иста смисла за хумор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top