Вечерва во 20 часот во приземјето на „Скопје сити мол“ ќе биде отворена „Моќта на театарот“ – изложба која ја постави Македонскиот народен театар по повод 73 годишнината од постоењето.
Изложбата нуди раритетна вонмузејска поставка на костими, архивски фотографии, предмети, и своевиден тамјлајн од историјатот на МНТ.
На почетокот на месецот во МНТ беше поставена изложбата „Моќта на театарот“ на која беа поставени оригинални фотографии на повеќе од триесет актери кои работеле од првата сезона на МНТ, далечната 1945/46 година, сè до почетокот на овој век. На повеќе од 130 фотографии се гледа трајниот печат што го оставија низ историјата на МНТ оние актери кои ги имало во разни претстави, кои играат големи и помалку големи улоги и оние без кои не може речиси ниту една претстава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.