| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на првото издание на FUNK SHUI со наслов „Импулс“ во Станица 26

Промоцијата на првото издание на FUNK SHUI со наслов „Импулс“, ќе се одржи вечерва, во Станица 26, со почеток во 21 часот. На промоцијата, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла- „Стаклени нозе“ и „Виулица / Сомнежи?“ кои се дел од новиот албум на FUNK SHUI кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.

FUNK SHUI е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика.

Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите на Авалон Продукција, медиумите, како и мал број на фанови на FUNK SHUI.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top