Ѕвездите на „Егзит“ оваа година навистина се потрудија да им го искомпликуваат животот на организаторите. Додека членовите на бендот „Продиџи“ првенствено сакаат здрава храна, американскиот продуцент Дипло има малку необични барања.
Познатото британско трио „Продиџи“ побара од организаторите да им се обезбеди англиски или ирски сланина, колбаси, грав, јајца и компири подготвени на различни начини. Овошјето и зеленчукот, пак, (банани, јаболка, манго, моркови…) кои мора да бидат органски, треба да се доволно мали за да ги собере во блендер или во соковник.
Исто така, тие сакаат 24-часовна услуга и персонал кој ќе ги обезбедува со храна и пијалоци во нивните простории кога и да посакаат. За крај побараа и боца со медицински кислород.

Диџеј Дипло
Од друга страна, пак, диџејот и продуцент Дипло се надмина со глупавите и бесмислени побарувачки. Тој од организаторите побара две животни на надувување, издание на „Плејбој“ старо 40 години, како и горила и статуа што може да се јаде од „Мајорот Лазер“ (лик од музички проект на Дипло) и тоа во природна големина.

Мајор Лазер
Дипло побара и космичка хармонија, како и мир во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


