| четврток, 6 декември 2018 |

Хитовите на „Продиџи“ ги следеше публика од неколку генерации во Охрид

Британската музичка сензација „Продиџи“ синоќа настапи на првото издание на „Охрид колинг“ кое го организира „Авалон продукција“. Бендот е на промотивна турнеја на најновиот албум „The Day Is My Enemy“, а за еден ипол час колку што траеше нивниот настап кој почна околу полноќ, отпеаја дел од новите нумери, но не ги оставија своите повозрасни фанови и без постарите хитови. На концертот приствуваше публика од сите генерации: семејства со деца од 7-8 години, тинејџери, но и повозрасни лица.

Предгрупа на „Продиџи“ беа „Д.Лајт“ (D.Lite) и Дарко Степиќ.

Од „Авалон продукција“ најавија дека за заокружувањето на првото издание на „Охрид колинг“ беше ангажирана светска продукција, односно истата што го озвучуваше и осветлуваше настапот на Дејвид Гета во Скопје, а синоќешните ѕвезди-членовите на „Продиџи“ неколку дена пред настапот најавија дека ќе донираат финансиски средства за семејствата што беа зафатени од невремето во околината на Скопје.

 

фото: Авалон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top