– Сочувство за настраданите Македонци и оние кои беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во Македонскиот Црвен Крст. Почит за сите жртви, нивните фамилии и сите наши македонски воини. Се гледаме во Охрид на Охрид колинг во недела на 14 август, е пораката што момците од Продиџи ја испратија до Македонија.
Од Авалон продукција, организаторите на настанот, велат дека не како промотери, туку како Македонци им се благодарни што сами се сетиле и што овој гест е исклучиво на нивна иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.