| четврток, 6 декември 2018 |

„Егзит“ прогласен за најдобар европски фестивал

На годинашното доделување на Европските фестивалски награди во Холандија „Егзит“ победи во главната категорија во конкуренција со вртоглави 350 фестивали од повеќе од 35 земји, со повеќе од милион гласови од публиката и мислењето на стручното жири, составено од најеминентните луѓе од светската музичка индустрија.

Егзитовите фестивали беа во финалето во дури шест категории, а самиот фестивал „Егзит“ во рекордни три категории, вклучувајќи ја и освоената награда за Најдобар европски фестивал, како и категориите за Најдобар фестивалски организатор во Европа и „Take a Stand“ за општествен активизам.

-Навистина е неверојатен успех по само четири години повторно да се освои најважната фестивалска награда во светот. И тоа во најтешката категорија, каде што се најголемите европски и светски фестивали со буџети и над десет пати поголеми од нашиот. Со ова ’Егзит‘ летото на љубовта 2017, кое се состоеше од 4 фестивали во Нови Сад, Умаг, Будва и Темишвар, со преку 350.000 посетители, запишано е со златни букви во светската фестивалска историја, вели основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ.

Тимот на „Егзит“ оваа година го претставува најголемиот фестивалски потфат досега, под името „Exit Freedom 2018“, кој го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји. Ги предводи официјално најдобриот европски фестивал „Егзит“, а прв на ред е „Фестивал 84“ на олимписката Јахорина. Следуваат „Sea Star“ во Умаг и „Revolution“ во Темишвар како увертира за најголемото собирање на местото кое ја чува титулата, Петроварадинската тврдина во Нови Сад, додека за самата завршница на летото е резервирана за „Sea Dance“, кој наградата за најдобар фестивал до 40.000 посетители дневно ја освои пред три години. Покрај „Егзит“, финалисти во своите категории беа и „Sea Dance“, „Sea Star“ и „Revolution“. (Крај)

извор: Мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top