Промоцијата на првото издание на FUNK SHUI со наслов „Импулс“, која ќе се одржи на 25-ти април, во Станица 26.
На промоцијата, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла- „Стаклени нозе“ и „Виулица / Сомнежи?“ кои се дел од новиот албум на FUNK SHUI кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.
FUNK SHUI е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика.
Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите на Авалон Продукција, медиумите, како и мал број на фанови на FUNK SHUI.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.