| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо и Кака повторно во репрезентацијата на Бразил

kaka i ronaldinjo

Селекторот на бразилската фудбалска репрезетација Луис Фелипе Сколари по освојувањето на трофејот во купот на конфедерациите истакна дека Роналдињо и Кака можно е повторно да заиграат за националниот тим.

Бразилскиот стручњак не го криеше задоволството од освојувањето на трофејот и наведе дека следната година на светското првенство што се игра во Бразил ќе има повеќе кандидати за освојување на трофејот.

– Го пратиме секој играч што игра во Бразил или во друга држава. Сакаме да бидеме сигурни дека најдобрите играчи ќе настапуваат за националниот тим. Формата на играчите ќе биде пратена до крајот на следната сезона и почетокот на подготовките за светското првенство. Вратите во репрезентацијата се отворени за секого. – дададе Сколари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top