| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за култура вработува психолог во Одделението за издавачка дејност

Министерството за култура  објави оглас за вработување на 2 (две ) лица преку засновање работен однос на определено  време за работните места:

  1. 1.      Виш соработник за изготвување документи за реализација на проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност , Одделение за литература и издавачка дејност, Сектор за издавачка дејност (Сектор за книга) – 1 извршител                             

 Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

  • да има ниво на квалификации VIБ според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен  VII/1 – психологија,
  • да има познавање на англискиот јазик,
  • да има познавање на компјутерски програми,
  • да има најмалку две години работно искуство во струката.
  1. 2.       Помлад соработник за обработка на податоци за јавните набавки, Одделение за спроведување на јавни набавки, Сектор за јавни набавки – 1 извршител

     

  • Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
  • да има ниво на квалификации VIБ според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен  VII/1 – правни, економски или организациони науки и управување (менаџмент),
  • да има познавање на англискиот јазик,
  • да има познавање на компјутерски програми,
  • да има положен испит за лице за јавни набавки,
  • со или без  работно искуство во струката.

Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или  копија заверена кај нотар.

 

1. Доказ за државјанство на Република Македонија

2. Доказ за општа здравствена способност за работното место

3. Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

4. Уверение/диплома за завршен степен на образование

5. Доказ за познавање англиски јазик

6. Доказ за работно искуство

7. Доказ за познавање компјутерски програми

8. Доказ за положен испит за лице за јавни набавки (за работното место под реден број 2)

9. Биографија

Распоред на работното време: работни  часови во неделата – 40; работно време со почеток меѓу 7:30 и  8:30 часот и крај меѓу 15:30 и  16:30 часот

Работни денови – од понеделник до петок

Паричен износ на основната нето-плата: 23 231 денар за работното место под реден бр. 1

Паричен износ на основната нето-плата: 20 961 денар за работното место под реден бр. 2
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Министерство за култура на РМ
ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување”).

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерството за култура или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top