Реакцијата на канцеларката наведува на сомнеж дека таа барем површно знаела за шпионажата- тврди Зигмар Габријел од најголемата опозициска партија во Германија-Социјадемократската партија, во интервју за весникот „Frankfurter allgemeine zeitung“, кое ќе биде објавено во вторник.
Лидерот на германската опозиција инсистира од Ангела Меркел да каже дали знаела за тоа и дали го толерирала.
Германската влада денеска соопшти дека во случај да се потврдат медиумските написи за прислушувањето, нема да биде прифатлив моделот на однесување од студената војна помеѓу партнерите кои бараат взаемна доверба во областа на новиот трансатлантски трговски договор.
-Доколку се потврди дека дипломатски претставници на Европската унија и поединци од европските држави биле шпионирани, јасно ќе кажеме дека прислушувањето на пријатели е неприфатливо, објави портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.