Беса на Билал Касами 99 отсто ќе биде новиот владин партнер, брифира за Плусинфовисок функционер на Беса по вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Касами.
Состанокот меѓу Заев и Касами за проширување на владеачкото мнозинство се одржал вечерва во 20 часот и треал некаде час и половина.
Функционерот од Беса брифира дека на средбата се разговарало за подготвеноста на Беса да биде дел од Владата. Средбата Заев – Касами, вели функционерот е потврда на принципиелниот став на Беса да ја поддржи Владата на седницата за интерпелација и оттука Заев, разговорите за зголемување на владеачкото мнозинство ги почнал токму со Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.