Речиси половина година измина од промената на локалната власт во Прилеп, а прилепчани се чувствуваат како да немаат никој кој се грижи за нив, пишува порталот „Маркукуле“.
Ова е сликата која до сега се искреира во Прилеп:
1.Градот се дави во депонии и ѓубре и од најчист град во целата држава, се претвора во грда средина. Од фотографиите кои ги добил порталот „Маркукуле“ се гледа дека ѓубре никнува насекаде, па дури и во центарот на градот.
2.Проблемот со кучињата скитници создава најголеми проблеми до сега. Ги има цели глутници низ целиот град. Прилепчани секојдневно на социјалните мрежи се жалат на напади во самиот центар на градот.
3.Прилепчани плаќаат повисоки сметки за вода. Цената на водата за пиење прво не беше намалена за 20% како што ветуваше градоначалникот, а згора на тоа се зголеми давачката за одведување на урбани отпадни води, како дел од сметката за вода.
4.Тезгаџиите на маалските пазарчиња и продавачите на земјоделски производи од камиони ќе плаќаат за 500%, односно 100% повеќе закупнина.
Закупнината од 500 денари месечно, која ситните пазарџии ја плаќаа на ЈКП “Пазари” сега е зголемена на 3000 денари, додека пак оние кои продаваат од камиони ќе плаќаат и до 10 000 денари месечно.
5.Врв на технологијата во Прилеп е крпењето на дупките по улиците со бекатон плочки и тампон
6.Нема ниту трага, ниту глас од ветените капитални проекти. Се ветуваа нов театар, затворен базен, две обиколници, асфалтирање на сите улици во градот, две градинки, училиште, реставрирање на Старата прилепска чаршија….
7.Тризла се гуши во кал и отпад
8. Општината се откажа и од мега проектот “изградба на кружен тек на мостот Табана”, проект кој беше од огромно значење за Прилеп и прилепчани.
Вредноста на проектот требаше да изнесува околу 2 милиони евра кредит од Светска банка, со три години грејс период и рок на отплата од 10 години. Кредитот вклучуваше и енормно ниска камата која беше доста поволна за општината, а после завршувањето на проектот, општината требаше да добие ГРАНТ во вредност од 500.000 евра за успешно завршување на проект.
Во продолжение и образложението од општина Прилеп и градоначалникот Јованоски за откажувањето од овој проект.
9.Се уништува спортската инфраструктура во градот
Балон салата сместена во ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп веќе подолго време стои напуштена и веќе не личи на сала. На местото каде што се наоѓа се насобира вода, па просторот наликува на базен.
10. Спортските клубови пред испаѓање во пониски рангови
И двата најголеми спортски клубови, ФК Победа и РК Прилеп се на чекор од дното на табелите.
Победа се наоѓа на 8-то место на само бод од самото дно, а РК Прилеп е претпоследен на табелата за плеј-аут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.