| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2020

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија денес ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во 2020 година ќе се одигра во три земји.

Нашата репрезентација доби група според посакувањата и во неа ќе бидат уште и Исланд, Турција и Грција. Првите две селекции во групата обезбедуваат директен пласман на европскиот шампионат, а пласман ќе обезбедат и најдобрите четири третопласирани екипи од сите групи.

Ова првенство за првпат ќе биде со 24 земји учеснички на континенталниот собир, а директен пласман имаат обезбедено европскиот првак Шпанија како и земјите домаќини, Шведска, Норвешка и Австрија.

Група 1: Германија, Израел, Полска, Косово

Група 2: Хрватска, Швајцарија, Србија, Белгија

Група 3: МАКЕДОНИЈА, Грција, Исланд, Турција

Група 4: Словенија, Летонија, Холандија, Естонија

Група 5: Белорусија, Босна и Херцеговина, Чешка, Финска

Група 6: Франција, Португалија, Литванија, Романија

Група 7: Унгарија, Словачка, Русија, Италија

Група 8: Данска, Украина, Црна Гора, Фарски Острови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top