Предраг Самарџиски се враќа во турскиот кошаркарски шампионат и во следните две сезони ќе го носи дресот на Мерсин. Конечно истече договорот што центарот на македонската репрезентација го имаше со Литвос Ритас, тим каде Самарџиски не успеа да се наметне како стандарден првотимец. Во меѓувреме македонскиот репрезентативец настапуваше и за Црвена Звезда. На крајот тој сепак реши да потпише договор со Мерсин.
Самарџиски токму во Турција ја има одиграно својата најдобра сезона во кариерата, кога во дресот на Олин важеше за еден од најдобрите центри во оваа силна лига.
И за македонската репрезентација ова е одлична вест, бидејќи центарот го разреши проблемот и најде ангажман, токму пред настапот на Евробаскет 2013 во Словенија, што ќе се игра од 4. до 22. септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.