| четврток, 6 декември 2018 |

Даночните пријави од денеска само електронски

ujp

Повеќе од 12 илјади правни лица и самостојни вршители на дејност од денеска ќе го користат новиот систем на електронски услуги на Управата за јавни приходи.

Доколку не се приспособиле во претходниот период 12.059 фирми нема да можат да ги користат е-даночните услуги. Предвидената глоба достигнува до 3.500 евра. Првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25 јули кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.

Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП, кој овозможува 24-часовно поднесување пријави, 7 дена во неделата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top