| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул ја одбрани титулата шампион на Македонија во тенис

Првиот носител и лански шампион Димитар Грабул ја одбрани титулата шампион на Македонија во тенис.

Тој попладнево во финалето со убедливи 2-0 во сетови и само два загубени гема го победи Стефан Мицов.

Двата сета Грабул ги доби со 6:1 и 6:1 во гемови. Ова е негова трета титула во последните три години или вкупно шеста.

Грабул ја освои двојната круна откако вчера со Предраг Русевски триумфираа и во конкуренција на двојки. Поради повреди на првенството не настапија Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бојан Јанкуловски.

Државното првенство се играше на терените на ТК „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top