| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул го совлада Дубе во Анталија

Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот Анталија Ф7. Грабул во првото коло во поединечна конкуренција оствари победа од 7:5 и 7:6 во гемови против Жулиен Дубе од Белгија.
Ова беше четврти меч на овие двајца тенисери и со денешната победа Грабул изедначи на 2:2 во победи.
Во следното коло Грабул (6.носител) ќе игра против Германецот Максимилијан Мартерер (810.место на АТП), кој денеска со 6:1 и 6:4 го победи Шпанецот Алехандро Ибанез Гаљего.
Грабул со денешниот ривал Дубе настапува и во игра на двојки, каде што во четврт-финалето ќе играат против Михал Милко (Словачка) и Франко Миочиќ (Хрватска).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top