Дизајнерите се оние кои умеат секојдневието да го „разобличат“ во сензуална завршна линија и од едноставни и практични работи да создадат возбудливи нешта. Еден сегмент е мебелот, кој, доколку има дизјан со „приказна“, може да создаде вистинска врска меѓу мебелот и крајниот корисник. Но, мебелот не мора само да биде поставен во простор, тој мора да биде, пред сè, функционален и естетски примамлив. Како најдобар пример на спој на убаво и корисно, мебелот е тој што треба да го облагороди духот на корисникот и да го разубавува неговиот живот.
Производителите на мебел знаат многу добро дека продажната сила, всушност, е дизајнот на производите. Препознавајќи ја потребата за еден нов, препознатлив дизајн од Македонија, Јавна Соба во улога на дизајн менаџмент компанија, започна со реализација на последната и сигурно најзначајна работилница од проектот „Шаблони“. Станува збор за долгоочекуваната работилница за современ македонски мебел на која учествуваат 12 дизајнери, кои во соработка со производните компании за мебел „Фејдом“ и „Дамико“, ќе се изработат прототипови на мебел. Работилницата, која трае од 1 до 9 јули во просториите на „Јавна соба“ ја водат Филимена Радоњанин и Питер ван дер Веин, двајца дизајнери со огромно практично искуство зад себе.
– Целиот процес е каректеризиран од деловниот и креативниот сектор во земјава, како многу иновативен и значаен за развој на индустријата за мебел во замјава. Со години веќе домашните производни компании бараат иновативни решенија кои ќе ги усвојат во својот асортиман и истите ќе бидат главен атрибут за освојување нови пазари. За дизајнерите, пак, од Македонија ова е уникатна можност преку своите дизајни да влијаат врз обликување на индустријата за мебел кај нас – вели Александар Велиновски, директор на „Јавна соба“.
За времетраење на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) од 1 – 6 октомври, меѓународното жири ќе одбере 3 најдобри парчиња кои понатаму ќе бидат промовирани на интернационалните саеми за мебел и дизајнерски фестивали во регионот. Сериското производство на првонаградените прототипови во соработка со домашните производители на мебел ќе почнат веднаш по завршувањето на Неделата на дизајн во Скопје.
Работилницата за дизајн на современ македонски мебел е третиот и последен сегмент од проектот „Шаблони“, кој е партнерски организиран со Амбасадата на Кралството Холандија, како и со Министерството за култура на Република Македонија.
Македонија е меѓу последните земји во Европа по број на иновации. Затоа овој тип проекти би требало да станат секојдневна практика, со цел домашниот креативен потенцијал да биде средство за промоција и финансиски бенефит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот