| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот

„Дефинитивно станавме најпопуларната дизајнерска платформа за афирмација на културните и креативни индустрии на регионот“ вели во интервју за „Република“ Александар Велиновски, директор на Неделата на дизајн во Скопје која почна синоќа во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн. Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во „Јавна соба“ и „Лукс мебел и расветa“ секој ден од 8 до 01:00 часот, а влезот е слободен.

Во овие седум години колку што се одржува СДВ тој е веќе етаблиран и препознатлив настан во регионот.

– Нема да излажам ако ви кажам дека сите години наназад, тимот на СДВ стануваше се поголем и погломазен, пред се поради она што требаше да се постигне како визуелен ефект кон публиката. Успеавме, изградивме бренд од СДВ, бројот на посетители го кажува своето – вели Велиновски.

Тематата на седмото издание на СДВ е „Звукот на материјалите“. Кому му е наменета?

Велиновски: „Звукот на материјалите” е темата на седмото издание на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week) што се отвори вчера Јавна соба. Дефинитивно станавме најпопуларната дизајнерска платформа за афирмација на културните и креативни индустрии на регионот. Од вчера па се до до 26 ноември ќе се одвиваат пет програмски целини на чело со две големи изложби и првата обука за дизајнерско размислување за деца. Она што е фокусот на ова издание е самата програма насловена „Звукот на материјалите” која е посветена на промоција на достапните материјали и технологии во регионов, што треба да бидат основа за развој на нови производи. Оттука и самата идеја за „Звукот на материјалите”. Овде, на Балканот има изобилство од природни ресурси што може да се обработуваат за релативно ниски цени. Правилната употреба и одново користење на материјалите и постоечките технологии може да им овозможат на дизајнерите револуционерни решенија.

Што ќе понуди годинешнтото издание на СДВ?

Велиновски: „Меѓународната изложба ЕКСПО зона (EXPO) годинава ја сочинува микс од 15 етаблирани но и млади и брендови, студентски проекти и иновации. Земја во фокусот е Унгарија, а на изложбата „Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век” во „Јавна соба“ ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инoватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност. Денес, во фокусот е кулинарскиот перформанс на војводинскиот шеф Мирко Веселиновиќ, кој готви 80 порции од традиционалниот војводински свински паприкаш, а како шлаг на тортата, ќе се дегустира и неговата прочуена ракија од кајсија и круша.
Викендов, на 25 и 26 ноември ќе се одржат две детски работилници, на кои под водство на балкански експерти децата од 7-14 години ќе научат да развијат дизајнерски производ од идеја до реализација, како и да дизајнираат и да создадат прототип на мобилна апликација.
За прв пат, СДВ ќе ја лансира и четиридневната програма за дизајнерско размислување за деца во соработка со Британскит совет и Свис контакт. Во програмата, 20 дизајнери и наставници од регионов ќе бидат обучени од британски ментори да изведуваат настава за дизајнерско размислување за деца од 10 -18 години. Програмите за деца ќе стартуваат од јануари, 2018.

Оваа година е земја во фокусот е Унгарија. Кој се ќе престави?

Велиновски: „На СДВ меѓу другите, се претставува еден од меѓународно најуспешните дизајнерски продукти Архикад (ARCHICAD) развиен од Графисофт (Graphisoft), архитектонски софтвер што го користат над 100.000 архитект во светот, како и биоархитектонските структури Калтропе (Calthrope), гарстрономскиoт дизајн на Апли дизајн (Apli Design) и медицинскитe помагала за инхалација за деца на Ко&Ко дизајнкомјуникејшн (Co&Co Designcommunication). Унгарија ја носи изложбата насловена „Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. Век” со која ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, иноватори и инженери.  На 24 и 26 ноември, на презентациите во „Јавна соба“ своите искуства и иновативни дизајнерски проекти и продукти ќе ги претстават шест врвни современи дизајнери од Унгарија.

Во чест на Денот на Унгарија, 26 ноември, концерт ќе има унгарскиот бенд „Михаљи Борбељи Балкан џез проект.

Најавивте дека првпат оваа година ќе има детски работилници. Што ќе содржат тие?

Велиновски: Да, ентузијастички ја лансиравме првата програма за дизајнерско размислување за деца, во соработка со Британскиoт совет и Швајцарската претприемачка програма Свис контакт, каде 20 дизајнери и наставници од регионов ќе бидат обучени од британски ментори да изведуваат настава за дизајнерско размислување за деца од 10-18 години. А пак од друга страна, викендот на 25 и 26 ноември ќе се одржат две детски работилници, на кои ќе бидат под водство на балкански експерти децата од 7-14 години. Ќе научат да развијат дизајнерски производ од идеја до реализација, ќе научат како да дизајнираат и да создадат прототип на мобилна апликација.

Можам слободно да кажам дека дизајнерското размислување стана една од најкористените рамки со кои луѓето се охрабруваат да истражуваат, да бидат иновативнни и да создаваат прототипови. Со оглед дека на Балканот од една страна има недостиг на обучени професионалци кои ќе ги понудат своите услуги, а од друга има огромен интерес кај родителите и институциите, „Јавна соба“, Солвео и Британскит совет во Скопје, задно со партнерските организации од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија и Дизајн клуб од Велика Британија ја покренаа програмата за обука за дизајн размислување за деца.
Обуките на наставниците од 23-26 ноември ќе ги изведува Ноам Сохачевски од Британија, а самите програми за деца ќе стартуваат во Македонија и останатите земји во регионот од јануари, 2018.


Што може да ни кажете за перформансот на војводинскиот шеф Марко Веселиновиќ?

Велиновски: Во моментов, додека го правиме интервјуто, овде се случува вистински перформанс. Марко Веселиновиќ со својот „заразен” динамичен дух се обидува вистински да го доближи хедонизмот кон храната на посетителите во на Неделата на дизајн во Скопје. Зготвени се 80 порции, а шлагот на тортата беше неверојатниот спој од креативниот пристап кон готвењето на српскиот бенд Кило Кило Банда кој беше дел од неговиот перформанс. Пробавме и ракија од крушка и кајсија.

СДВ е веќе етаблиран и препознатлив настан во регионот. Имате ли помош во организацијата?

Велиновски: Нема да излажам ако ви кажам дека сите години наназад, тимот на СДВ стануваше се поголем и погломазен, пред се поради она што требаше да се постигне како визуелен ефект кон публиката. Успеавме, изградивме бренд од СДВ, бројот на посетители го кажува своето.

Александра М. Бундалевска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top