Дарко Станиќ ја заврши одисејата во Металург и ќе бара нова средина, а останува само договор за отштета што новиот клуб на српскиот голман ќе треба да ја плати бидејќи има уште две години договор со тимот од Автокоманда.
Станиќ беше една од главните алки во големиот успех на Металург на меѓународната сцена и пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Иако требаше да оди во германски Гепинген, скопјани го премислија врвниот голман и го задржаа во своите редови. Сега дојде време за разделба, а на местото на Станиќ ќе биде ангажиран голманот на Адемар Леон, Ашанин. Тука се и репрезентативците на Македонија, Ангелов и Митревски, што значи дека вицепрвакот на Македонија пак ќе има одлична тројка голмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.