| четврток, 6 декември 2018 |

Почина работник во гостиварско, го згмечил багер

Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица починал откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.

Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14:10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско.

Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top