Вчера околу 09.00 часот пријавено е дека во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола, Р.П. (60) од с.Лопатица, вработен како машинист на работна машина-багер, извршувајќи работни задачи се здобил со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.
Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.