Вчера во 21,00 часот во полициската станица во Охрид Ф.М.(1974) од Прилеп пријавил дека на 6 октомври во 15,30 часот во близина на бензиска пумпа додека бил паркиран со автомобил „лада нива“, од спротивната страна имало работна машина – багер со која се изведувале градежни работи.
Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“.
Од ударот пријавителот се здобил со тешка телесна повреда изразена во скршеница на десната рака и скршеница на десната клучна коска, набиеници на градите и расекотина на левата рака.
Се преземаат мерки за расчитување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун