| четврток, 6 декември 2018 |

Багер усмрти млад работник

Дваесет и четиригодишниот А.А. од кумановското село Отља, починал вчера откако врз него паднала корпа од багер.

Според МВР, немилиот настан се случил околу 14 часот, во стовариштето за градежни материјали „Еуро Химо“, сопственост на И.Ф. Додека Љ.Ф. го поправал багерот кој била во дефект, корпата паднала од него, директно врз А.А. (24).

Увид извршила екипа на СВР-Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top