| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на македонска музика: Концерт на ансамблот за современа музика МЕИТАР – Израел

Во рамките на 41-ви ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА, денеска (вторник, 3 април) во Камерната сала на Македонската филхармонија, 20 часот, концерт ќе одржи ансамблот за современа музика МЕИТАР – Израел:
Амит Долберг – пијано, Моше Ахаронов – виолина и Јони Готлибович – виолончело.

На концертот премиерно ќе прозвучат делата на македонските автори Ангел Спироски и Михаило Трандафиловски, како и композиција на Валентина Велковска-Трајановска, а ансамблот ќе изведе и неколку камерни дела од израелски композитори.

Признаен од страна на New York Times за својата „извонредност, грациозност и прецизност“ во музицирањето, ансамблот „Меитар“, основан во 2004 година од страна на уметничкиот директор и пијанист Амит Долберг се етаблира како еден од водечките ансамбли специјализирани за изведба на нова музика во Израел, чии членови се истакнати виртуози и музички професионалци. Од Тел Авив, ансамблот постојано гостува ширум светот каде настапува во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали како Центарот Помпиду во Париз, Собата на Персел во Лондон, Московскиот конзерваториум, Универзитет Јеил, Биеналето за современа музика во Венеција, Фестивалот Фруелинг во Хајделберг, 92во Њујорк, Фестивалот „Звучни бранови“ во Санкт Петербург и многу други. Членовите на ансамблот имаат реализирано уметнички резиденции во рамките на фестивалот МАТА во Њујорк, на Универзитетот Дармут, во рамките на фестивалотZeitkunst во Берлин, на Израелскиот конзерваториум за музика во Тел АвивВо изминатите десет години, ансамблот има нарачано и премиерно изведено преку 200 нови дела, а редовно соработува со композитори како Фабијан Панисело, Марк Андре, Валтер Зимерман, Филип Леру, Матијас Пинчер, Даниел Питер Биро, Иван Феделе, Чаја Черновин, Владимир Тарнополски, Гија Канчели, со издавачките куќи VERSO од Шпанија, ALBANY од САД, музичкото издаваштво при Израелскиот институт за музика и други. Во текот на годините, ансамблот се закитил со бројни признанија за особен придонес во развојот на израелската музика и култура, меѓу кои наградите „Бинијами“ (2006), „Партош“ (2008) и „Ландау“ (2010). Во 2010 година составот заедно со неколку истакнати германски музичари е дел од историски настан – изведба на дела од еврејски композитори во сабота во која 67 години претходно се одржува озлогласената Wannsee конференција, изведба од која произлегува документарниот филм „Снимките од Wannsee“ во режија на Емре Амрам Сонмез, кој ја добива наградата „Сребрена палма“ на Интернационалниот фестивал во Мексико во 2010 година. Ансамблот „Меитар“ е иницијатор на уникатна образовна програма за млади, наречена Проектот Тедарим, што им овозможува на музичари од различни полиња на делување (изведба, диригирање и композиција) можност да се едуцираат и да истражуваат нови хоризонти на современа музика. Специјалната програма за современа музика за деца насловена „Што е бука?“, која доживува огромен успех во Израел. Освен тоа, ансамблот е основач на Фестивалот за нова музика CEME како и мастер класови за млади професионални музичарикаде досега настапиле Иван Феделе, Фабијан Панизело, Пјер Андре Валаде, членовите на Ансамблот „Модерн“ и други истакнати уметници.
Пијанистот Амит Долберг е еден од водечките изведувачи на современа музика од Израел. Бројни композитори напишале и посветиле свои композиции токму на него, кои тој премиерно ги извел на бројни концертни сцени ширум светот. Долберг е основач и директор на камерниот музички ансамбл „Меитар“, Центарот за нова музика во Тел Авив, Конкурсот за композитори „Матан Гивол“, Меѓународниот фестивал за нова музика CEME,како и на мастер програмата за современа музика „Тедарим“ на Академијата за музика и танц во Ерусалим. Тој е исто така еден од основачите на Ансамблот „Темпера“ со кого неодамна ја доби државната награда „Бинијами“ за ансамбл на годината. Настапувал и реализирал снимки со диригенти како Матиас Пинчер, Илан Волков, Авнер Бирон, Пјер-Андре Валад, Жолт Наѓи, Фабијан Панизело, Јарон Готфрид и со бројни оркестри и ансамбли во Израел, Азија и Европа, меѓу кои  Israel Camerata Orchestra од Ерусалим, Симфонискиот оркестар на Радио Ерусалим, ансамблот Ерусалимски солисти, Израелскиот симфониски оркестар, Националниот симфониски оркестар на Тајван, Израелскиот камерен оркестар од Тел Авив, Ансамблот „Плурал“ и  други. Како камерен музичарсоработувал со бројни ансамбли, настапувајќи на познати сцени: Биеналето за современа музика во Венеција, концертната сала „Забранетиот град“ во Пекинг, фестивалот МАТА во Њујорк,  центарот Помпиду во Париз, РадиалСистем во Берлин, Собата на Персел во Лондон, Катедралата во Винчестер, Фестивалот во Брајтон, Биеналето во Хајделберг и на Варшавскиот есенски фестивал. Амит Долберг е професор на Академијата за музика и танц во Ерусалим. 

Гостувањето на Ансамблот „Меитар“ во Скопје се реализира со поддршка на Академијата за музика и танц во Ерусалим, Министерството за надворешни работи на Израел и Еврејската заедница во Република Македонија. Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top